Шеста година по ред во Пештани во Спортскиот центар Стефан Толески се одржува традиоционалниот фудбалски меморијален турнир во мал фудбал посветен на прерано починатиот фудбалер.

24 екпи годинава се борат за трофејот, а од година во година турнирот добива на квалитет велат од организационоиот одбор на турнирот.



Целиот трошок околу организацијата на трунирот паѓа на плеките на поединци. Немаат никаква помош од локалната самоуправа, но сепак се надеваат дека од наредната година турнирот ке биде подигнат на едно повисоко републичко ниво.

Наша цел е на трунирот да играат екипи од целата земја. За таа цел подготвени сме да поставиме трибини со столчина, но не решените имотно-правни односи сега засега се единствената пречка – вели Ѓорѓи Толески.


Финалето на турнирот оваа година ке се одигра на 28 август, на православниот празник Голема Богородица.