Првото издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ” се презакажува за 4 дена порано, иако првично беше предвиден за 27 и 28 август, информираат од ГРК Охрид. Додаваат дека одлуката е донесена поради оправдани причини, а во консултација со сите четири екипи.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 23.08.2022 (двојките ќе се одредат со ждрепка), а натпреварот за 3-то место и финалето ќе се одиграат на 24.08.2022. Учество ќе земат екипите на ГРК „Охрид“, РК „Тинекс Пролет“, ГРК „Тиквеш 2014“ и РК „Партизан“ од Белград, Србија, велат од клубот.

Меморијалниот турнир кој ќе се одржи во спортската сала „Билјанини Извори“ е во организација на Градскиот ракометен клуб Охрид, а под покровителство на Општина Охрид и се очекува истиот да премине во традиција.

OhridNews