Во спортско рекреативниот центар „Климент Колески“ ќе се организира меморијален турнир во чест на прерано починатиот Градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски. Тој беше голем љубител и поддржувач на спортот и затоа турнирот во СРЦ „Климент Колески“ оваа година ќе го носи неговото име.
Пријавувањето на екипи за учество започна од вчера и чини 6 000 денари. Сите информации околу пријавувањето заинтересираните можат да ги добијата на броевите 078 665 667 или 075 498 328 или пак на официјална фејсбук страна од СРЦ „Климент Колески“.
Вкупниот награден фонд изнесува 280 000 денари плус награди за најдобриот стрелец и најдобриот голман. Почетокот на турнирот е закажан на 20 август а ждрепката ден претходно.
OhridNews