Екипата на Партизан е првиот финалист на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид.
Попладнево Партизан во драматичен меч го совлада Тинекс Пролет со 35:34 по изведувањето,пенали, откако во регуларниот тек мечот заврши нерешено 30:30.
Белграѓани на полувреме имаа два гола предност 15:13, но Пролет со добра игра во вториот дел направи пресврт и беше на праг на победа. На петнаесеттина секунтди до крајот Пролет водеше 30:29, но Партизан успеа да израмни во последните мигови од средбата и мечот го однесе во пенали.
Во вториот натпревар, од 20 часот се среќаваат Охрид и Тиквеш.
Г.М.