Прв Меморијален боксерски турнир во Охрид во чест на легендарниот боксерски тренер Алексо Огненовски. За таа цел поставен специјален ринг на „Кеј Македонија“.

За мене лично претставува големо задоволство отворањето на турнирот кој е посветен на големиот спортски учител и педагог, родоначалник на боксот во Охрид, незаборавниот Алексо Огненовски. Племенитата вештина во Охрид, ја донесе човекот кој беше племенита и благородна душа. Верувам дека нема охриѓанец, кој што барем малку се бавел со било кој спорт, а да не го знае името на „Алексо боксерот“, како што беше познат меѓу охирѓани, легендарниот спортски работник Алексо Огненовски, напиша на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.

Упатувам искрени честитки до Боксерскиот клуб кој го носи неговото име и за вложениот напор за организација на ваков меѓународен натпревар, кој верувам дека од година во година ќе расте и ќе преставува уште една значајна манифестација во севкупната понуда на Охрид, додава во објавата Пецаков.

Инаку, oрганизатор на турнирот е Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“, а покровител е Општина Охрид.

OhridNews