Со цел поинтензивно промовирање и афирмирање на туристичките потенцијали, како и ефикасна реализација и координација на активностите на територијата на Националниот парк Галичица, а во насока на безбедно и организирано движење во Националниот парк, Црвен крст Охрид, ЈУ Национален парк Галичица, и Спортско планинарското друштво “Магаро”, денеска, ќе потпишат меморандум за меѓусебна соработка.

Со потпишувањето на меморандумот ќе се дефинираат идните форми на соработка помеѓу овие три субјекти во насока на развој на алтернативниот туризам во Националниот парк Галичица кој како природна реткост има извонредни потенцијали.

ohridnews