Кошаркарите на Мемфис забележаа рекордна победа во историјата на НБА лигата со триумфот над Оклахома од дури 73 поени разлика (152:79).

Мемфис во текот на синоќешниот натпревар имаше и 78 поени предност, а на крајот заврши со „само“ 73 кошеви разлика.
Досегашниот рекорд беше во рацете на кошаркарите на Кливленд, кои во ноември 1991 година го совладаа Мајами со 68 поени разлика (148:80).
Дури девет кошаркари на Мемфис забележаа двоцифрен ефект во триумфот над Оклахома, а најефикасни беа Џарен Џексон (27 поени) и Дентони Мелтон (19).

 

OhridNews