Мемфис рано утрово ја совлада Минесота во шестиот натпревар од првото коло на НБА плејофот со 114:106. Гризлис по оваа победа на гостински терен ја добија серијата со вкупни 4-2 и обезбедија пласман во четвртфиналето.

Брукс со 23 поени беше најефикасен во победничката екипа, Едвардс постигна 30 во домашниот тим.

Следен противник на Мемфис ќе биде Голден Стејт.

Другите три четвртфинални двојки се:
Мајами – Филаделфија
Бостон – Милвоки
Феникс – Далас.

OhridNews