Мелори Хејган од Бруклин е новата Мис Америка. На членовите на жирито им ги покажала своите раскошни гради во бел фустан и црн костим за капење, а како талент ја покажала својата вештина за степување. На прашањето на судиите во врска со поставувањето вооружени чувари во училиштата, на кое мисиците обично не се снаоѓале, таа кратко и јасно одговорила дека насилството не е решение за насилство.

Второто место го освоила Мис Јужна Каролина Ели Роџерс, а трета била Мис Оклахома Алиша Клифтон. Мелори, студент по маркетинг во модата, освоила стипендија во износ од 50 илјади долари.