Нема потреба од паника, пченица, брашно и леб ќе има доволно, вели Благоја Стојчев, претседател на групацијата за мелничко пекарска индустрија, пренесува „Макфакс“.

„Јас лично нема да ја покачам цената на лебот. Малите пекари кои порачуваат дека ќе го поскапат лебот, на некој начин нè притискаат и ние да го поскапиме лебот, но ние не можеме да се договориме околу поскапувањето постои агенција за монопол,“, вели Стојчев.

Тој додава дека македонската пченица нема да остане не откупена бидејќи се произведуваат мали количини, а останатиот дел се увезува од соседните земји како Србија и Бугарија.

„Нашата земја е зависна од увоз на житни култури ние секогаш сме дефицитарни со околу 50 отсто, производителите намерно оставаат голема количина на пченица која потоа ја користат за храна за добитокот бидејќи цената на пченката е висока“, изјави Стојчев.

Забраната за увоз која беше донесена заради недостаток на пченица, на 15 септември ќе биде разгледана и ќе биде одлучено дали е потребна.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на лебот за јули не е променета во споредба со истиот период 2009 година.

OhridNews
извор:„Макфакс“