Актерот Мел Гибсон завршил курс за контрола на бесот кој бил дел од казната поради насилството над поранешната девојка Оксана Григориева. Холивудскиот актер по одлука на судот го завршил курсот. Бил осуден во март 2011 година на три години условна слобода, вклучувајќи и 12 месеци посетување на советувања поради семејното насилство.
Адвокатот на славниот актер соопштил дека покрај редовните советувања, Мел одел и на дополнителни тераписки сеанси. Во извештајот судијата напишал дека актерот ги исполнил своите обврски и дека официјално ќе биде ослободен ако во наредните две години не направи некаков испад.