Мел Гибсон во својата последна изјава признал дека ја ошамарил својата поранешна девојка Оксана Григориева. Тој рекол дека се плашел за ќерката Луциа, а бидејќи Оксана била хистерична ја ошамарил како би се дошла при себе. Додал дека не сакал да ја повреди, туку само да и помогне да се соземе.


Сега, поради неговто признание, неговото дело нема да биде третирано како физичко насилство, туку како непримерно однесување. Најголемата казна на која може да биде осуден изнесува шест месеци затвор.