Мел Гибсон ќе мора по трет пат да разговара со полицијата во Лос Анџелес. Сеуште не ја завршиле истрагата откако актерот ја истепал својата девојка Оксана Григориева. Откако полицијата ќе го заклучи случајот, обвинителството ќе мора да одлучи дали ќе го тужи Мел за семејно насилство.


Кога минатиот пат бил на испитување, бил многу нервозен бидејќи морал да објасни од каде му е повредата која ја имал здобиено на раката. Наводно веднаш по инцидентот на Оксана и испратил порака во која и напишал дека е добро што не била во негова близина кога го добил нападот на нервоза бидејќи тоа ќе било многу лошо за неа.