Австралиската полиција започна истрага околу наводите дека холивудскиот актер Мел Гибсон навредил и физички нападнал фоторепортерка на списанието Дејли Телеграф која го фотографирала во друштво на една млада жена. Гибсон кој оваа година наполни 59 години, наводно вербално ја нападнал, ја турнал и ја плукнал фоторепортерката Кристи Милер, кога го фотографирала синоќа во Сиднеј додека излегувал од кино во друштво на 24-годишната Розалинда Рос.
Кристи Милер рекла дека актерот бил многу бесен и дека била шокирана бидејќи ја турнал и ја плукнал во лицето. Полицијата подоцна соопшти дека во тек е истрагата за инцидентот и ги замолила сите сведоци да дадат изјави за настанот. Портаолот на актерот Алан Нироб негирал дека Мел физички ја нападнал фоторепортерката.