Изградбата на црквата на американскиот актер во КАлифорнија е при крај. Мел Гибсон во последниве неколку години во неа вложил повеќе од 20 милиони долари. Американските медиуми пренесуваат дека актерот планира во неа да се венча со Оксана, која му го родила осмото дете, ќерката Луција. Русинката наводно почнала и да посетува веронаука.
Многу му било важно да дели иста вера со својата идна сопруга. Тие наводно во црквата планираат и да ја крстат својата ќерка. Следбениците на неговата црква ги обвинуваат евреите за смртта на Исус Христос, го демантираат холокаустот, а католичката црква ги смета за секта бидејќи не го признаваат Папата и Ватикан.