Мел Гибсон ќе се придружи на познатата актерска екипа во третото продолжение на филмот „Платеници“. Како што најавил преку Твитер Силвестер Сталоне, ѕвездата на филмовите „Смртоносно оружје“ во филмот ќе се појави во улога на негативец.
Најпрво бил споменуван како режисер на „Платеници 3“, но сепак Гибсон во филмот ќе се појави како еден од актерите покрај Сталоне, Арнолд Шварценегер, Џејсон Статам, Николас Кејџ, Џеки Чен, Весли Снајпс, Стивен Сигал и Мила Јовович. Филмот во кината би требало да се појави во август 2014 година.