По тужбата на Оксана Григориева за семејно насилство, Мел Гибсон сепак избегнал казна затвор. Актерот се спогодил, па се очекува негово појавување на суд каде веројатно ќе му биде изречена помала казна за наводните повреди кои и ги нанел на Оксана. Тој сеуште не е официјално обвинет дека ја истепал својата поранешна.


По инцидентот неколку фотографии со повредите на Оксана се појавиле во јавноста. Актерот се согласил на спогодба како би избегнал подолг судски процес кој би можел да има негативно влијание на неговото семејство, односно децата и кариерата.