Холивудскиот актер Мел Гибсон официјално се развел од својата сопруга Робин со која бил во брак 31 година. Судијата во Лос Анџелес го потпишал документот со која разводот конечно бил завршен, а Робин ќе го вратела своето презиме Мур. Останатите детали не биле познати за медиумите, освен тоа што Робин треба да добие половина од богатството на Мел кое се проценува на повеќе од 800 милиони долари.
Мел и Робин се венчале во Австралија во 1980 година и имаат седум заеднички деца. Се разделиле во 2006 година откако Гибсон бил уапсен за возење под дејство на алкохол во Малибу. Робин поднела барање за развод во 2009 година кога актерот почнал да се појавува во јавноста со руската пијанистка а пејачка Оксана Григоријева, со која ја има двегодишната ќерка Луција.