Мел Гибсон би можел поради ударот кој и го нанел на поранешната девојка Оксана Грегориева да добие четири години затворска казна доколку биде прогласен за виновен за семејно насилство. Тужителите потврдиле дека против актерот најверојатно ќе биде подигната тужба за семејно насилство. Но, доколку актерот биде прогласен за виновен за прекршок, најверојатно ќе добие казна затвор од една година.


Гибсон, како што тврди Оксана, ја удрил во нивниот дом во Калифорнија додека таа ја држела нвината ќерка Луција, која тогаш имала замо два месеци. Од силата на ударот и ги скршил двата предни заби. НАводно актерот откако ја удрил во неа вперил и пиштол, заканувајќи се дека ќе ја убие. Мел, пак, тврди дека не ја удрил Оксана и дека таа само се обидува да извлече пари од него.