Мексиканскиот конгрес одобрил измени во своите закони според кои поседувањето помали количини дрога нема да биде казнувано. Корисниците кои полицијата ќе ги затекне со помала количина марихуана, кокаин, хероин или ЛСД нема да бидат уапсени, но ако ги фатат по три пати ќе мора да одат на рехабилитација.
Максималните количини кои можат да ги поседуваат се следниве: марихуана 5 грама, опиум 2 грама, хероин 50 милиграми, кокаин 500 милиграми, ЛСД 0,015 милиграми и амфетамини 40 грама. Новиот закон предвидува нова координација во борбата против наркокартелите.