Најмалку 29 лица смртно страдаа во серија на експлозии кои се случиле на пазар за пиротехника во Мексико Сити. Како што пренесуваат светските медиуми бројот на загинати би можел да се зголемува бидејќи околу 70 луѓе биле потешко повредени. Експлозиите се случиле околу 15 часот по локално време, а густиот чад предизвикан од екплозиите може да се види на наколку километри оддалеченост од пазарот.

Огнот речиси го уништи истиот маркет и во 2005 година, кога воочи одбележувањето на Денот на независноста на Мексико, исто така се случиле серија на екпслозии. Пожар од слични размери го зафатил Сан Паблито и во 2006.

OhridNews
извор Макфакс