Возрасни Мексиканци, во просек, пцујат 20 пати дневно, што на национално ниво изнесува 1,3 милијарди пцости секој ден, покажало едно истражување. Анкетата спроведена од агенцијата Консулта Митофски покажала дека само еден од десет Мексиканци тврди дека воопшто не пцуе и дека припадниците од високата класа повеќе пцујат од посиромашните граѓани.
Било утврдено дека во јужниот дел на земјата, населен претежно со индијанска популација помалку користат вулгарни зборови, отколку во северниот дел на Мексико. Испитаниците требале да проценат што всушност претставува пцовка, но скоро сите употребувале многу погруби зборови од вообичаениот „карамба„, што значи „О, Боже„.
Извор:www.azcentral.com