САД ја изгубила титулата за држава со најголем број дебели лица на светот, па неславната круна оваа година, според податоците на Обединетите Нации, отишла во Мексико. Газираните пијалоци и ефтината брза храна допринеле во тоа повеќе од 70 проценти од возрасните мескиканци да имаат прекумерна телесна тежина која ствара сериозни здравствени проблеми. Мрсните такоси, тамалеси и кесадиљи, како и американската брза храна, се секојдневни оброци на оваа нација.
Во извештајот на Он било наведено дека Мексико можеби сеуште се бори со неухранетоста и гладта во одредени сиромашни подрачја, но има и голем број дебели луѓе. Епидемијата на дебели најбрзо се ширела меѓу сирмоавите и младите, а експертите навеле дека 55 проценти од децата со прекумерна тежина ќе останат такви до крајот на животот. Пробелите со прекумерна тежина во оваа земја биле воочени после 1989 година, кога имало поомалку од 10 проценти дебели лица. Мексико од првото на второто место ги истуркало САД, на третото место била Сирија, а на последното 20 Унгарија.