Еден од мексиканските нарко картели вклучени во актуелната војна против војската и полицијата држи редовни внатрешни курсеви за моралот, избегнувањето на алкохолот и дрогата. Вистината е дека во нарко бизнисот повеќето високи членови живеат чист живот и се усмерени на личен развој како индивидуи. Иако имаат подведено голем број девојки на проституција, сепак, Рафаел Чедено, еден од нарко босовите им објаснил на истражителите дека држат редовни курсеви за членовите на кои ги подучуваат за принципите, вредностите, етиката и моралот.
Ова сепак е необјасниво бидејќи само во војната помеѓу дилерите и полицијата минатата година се убиени 6300 луѓе и огромен број се повредени.