Зак Браун изјави дека на Мекларен многу му е тешко да се снајде при набавка на нов мотор од причина што никој не сака да ги види како нивни конкурент.

Уште од почетокот на ова првенство тимот од Вокинг се мачи со своите перформанси посебно со моторот на Хонда. Заради овие причини веќе се знае дека Мекларен бара нов добавувач на погонска единица но засега не е потврдено раскинување на соработката со Хонда. Според тимот досега се разговарало со сите добавувачи на мотори но нема конкретен одговор од никој.

“Ние сигурно припаѓаме на групата на тимови кои знаат како да победуваат на трките, но вистина е и тоа дека останатите тимови сега поинаку гледаат на нашата моментална состојба и дека се “радуваат“ што сме во моментов кај што сме. Тие не сакаат во никој случај да им се приближиме, посебно Ферари и Мерцедес. Можеби тоа е нормално. Незнам.“ – изјави Браун.

OhridNews