Лошото издание на Македонската кошаркарска репрезентација на Евробаскетот во Словенија не го промени ставот на Лестер Бо Мекклејб да го брани дресот на земјата.
Покрај најавите дека ова ќе биде последен настап на Мекклејб за Македонија, тој демантираше и рече дека ќе продолжи да дава се од себе во натпреварите за „црвено жолтите“.
Од претходно свое повлекување најавија Владо Илиевски, Перо Антиќ и Тодор Гечевски, а се поизвесно дека настапот на ЕП бил последен за Ѓорги Чековски член на МЗТ Скопје.
Кошаркарската федерација на Македонија во наредниот период ќе има доста работа бидејќи треба да најде селектор откако договорот со Алеш Пипан заврши и да ја врати вербата на навивачите во кошаркарската селекција која беше иницијална каписла на неколку планетарни успеси на Македонија.
Мх.П.