Натурализираниот Македонец, Лестер Бо Мекклејб имаше солиден учинок од 13 поени, три асистенции и два скока во поразот на Фенербахче од НБА тимот, Оклахома Тундер 95-82.

Турскиот кошаркарски протовник имаше водство во првиот квартал, но од тогаш до крајот на мечот „громовите“ го контролираа резултатот и стигнаа до победа 95-82.

Најефикасен на дуелот со 24 поени беше Кевин Дурент пак во редовите на „Фенер“ најпрецизен беше Бојан Богдановиќ со 19 кошеви.

Мх.П.