Поранешниот шампион во Ултимејт фајт борбите Конор МекГрегор заврши во полиција во Мајами, откако го прекрши законот.
Ирецот му одзел мобилен телефон на човек кој сакал да го фотографира. МекГрегор одбил да му го врати телефонот и настанала мешаница. Полицијата интервенирала и МекГрегор бил приведен и обвинет за напад, грабеж и хулиганизам.
- МекГрегор беше вмешан во мала расправија околу мобилен телефон која резултираше со викање на полиција. МекГрегор ја цени полицијата и вети дека ќе соработува. – изјави адвокатот на МекГрегор, Самуел Рабин.
Ултимејт фат борецот пред година дена беше на суд во САД поради напад на шофер на автобус во Њујорк и беше прогласен за виновен.
OhridNews