Ирскиот борец Конор МекГрегор го официјализираше кам бекот во УФЦ борбите. Тој во октагонот ќе се врати на 18 јануари следната година на спектаклот во Лас Вегас.
Противник на Ирецот ќе му биде Доналд Сероне од САД, кој сигурно ќе добие голема поддршка од трибините во Лас Вегас. Влезниците за големиот спектакл купени биле за само три минути. Цената на билетите изнесувале од 350 до 1 500 долари.
МекГрегор последен пат во октагонот се појави на 6 октомври во 2018 година кога изгуби од Хабиб Нурмагомедов. Во борбата на МекГрегор и Нурмагомедов имаше од се по нешто, а атмосферата кулуминираше кога борците ги нападнаа противничките тренери.
OhridNews