Конор Мекгрегор блефирал кога пред една недела на својот профил на „Твитер“, објави дека заминува во пензија.

Ирецот изминатите денови „дивееше“ на оваа социјална мрежа, а се соочи со критики, откако сопругата на својот најголем ривал, Хабиб Нурмагомедов ја нарече „пешкир“.

Тој го избриша спорниот „Твит“, откако му стана јасно што напишал, а со најновата објава се обидува да ги смири страстите.

  • Сакам да продолжам понатаму со своите навивачи од сите вери и националности. Верата не става во искушение да го извадиме најдоброто од нас. Ова е еден свет и сите сме во него.Се гледаме во октагонот. –  напишал на „Твитер“, Конор Мекгрегор.

OhridNews

Конор МекГрегор се повлече од MMA борбите