Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб од следната сезона нема да игра во Монтепаски Сиена, потврди за италијанските медиуми Фердинандо Минучи, првиот човек на италијанскиот шампион.


Според Минучи, покрај Мекејлеб, Сиена ќе ја напуштат и Давид Андерсен, Кшиштоф Лавриновиќ и Римас Каукенас.

„Лавриновиќ и Каукенас се слободни агенти и нема да потпишат нов договор, додека Бо Мекејлеб и Андерсе ќе си заминат. Оваа реконструкција ја најавив кога заврши сезоната, но никој не ми веруваше. Сега е најважно да направиме компактна екипа“, рече Минучи за италијанските медиуми.

Интерес за натурализираниот Македонец покажуваат голем број европски гиганти, а можеби Бо Мекејлеб следната сезона ќе го гледаме и во НБА лигата, иако тој пред извесно време изјави дека тоа нема да се случи.

“макфакс“
Ohridnews