Судот на Флорида (САД) пресуди дека „Мекдоналдс“ мора на осумгодишно девојче да му плати отштета од 800.000 долари, откако таа се здобила со тешки изгореници кога парче пилешко од посебниот „Хепи мил“ (среќен оброк) ѝ паднало на ногата.
Несреќата се случила 2019 година, кога тогаш четиригодишната Оливија Карабало го отворила својот оброк во автомобил во возење. Нејзиното семејство бараше отштета од 15 милиони долари, а судот во мај утврди дека „Мекдоналдс“ е одговорен за повредата на девојчето. Беше покажано и дека девојчето има лузна од изгореницата, како и фотографии од „нејзиното врескање во тој миг“ и дека тужителите сакаат тоа да исчезне, т.е. да се отстрани белегот.
Адвокатскиот тим на семејството изјави дека „оваа одлука е значајна“.
Среќна сум што Судот го слушна гласот на Оливија и што поротата успеа да донесе правична пресуда, изјави мајката на девојчето, Филана Холмс.
Адвокатите на „Мекдоналдс“ пред Судот тврдеа дека семејството треба да добие 156.000 долари, бидејќи, како што велат, девојчето имало болки „само три недели“, по што раната ѝ зараснала и оти таа сè уште оди во нивните ресторани.
OhridNews