Американскиот ланец за брза храна Мекдоналдс запловил во светот на модата, со лансирање на сопствена линија облека и модни додатои под името „Биг Мек“. Според пишувањата на американските медиуми, колекцијата со принт на хамургер вклучува разни артикли за облекување, од маици, пантолони, пижами, кабаници, чизми, па се до постелнини и облека за кучиња.

 

Новата модна линија неодамна била представена во Стокхолм и во прво време ќе биде достапна само во Шведска, преку онлајн продажба, а приходот ќе биде наменет на добротворни организации. Целта на оваа акција е популаризација на Мекдоналдс кој во последно време често е на мета на критики, посебно на нутриционистите и еколозите.