Ако сакате визуелно да ги зголемите вашите очи бидејќи сметате дека природата не ви дала доволно, тогаш потребни ви се неколку минути од вашето време и малку добра волја. Со најдобрите мејкап совети вашите очи ќе бидат онакви какви што отсекогаш сте сакале.

Најважно е добро да го познавате своето лице и да сте свесни за предностите, но и маните. Промените се однесуваат на визуелно зголемување или намалување.

Некој сака да има поголеми очи и усни, а некој помали. Ако сакате да ги зголемите очите, би било добро да се посветите на трепките.Тие треба да бидат подолги. Тоа ќе го направите ако маскарата ја нанесувате прво на врвовите од трепките, а потоа на коренот. Секогаш пред нанесување на нов слој почекајте барем минута за маскарата да стигне да се исуши, за да не се направат грутки.

Пред да нанесете маскара, употребете виткач за трепки, кој ќе им даде убав облик и потоа полесно ќе биде нанесувањето на маскарата. За убави и големи очи важни се и веѓите. Тие мора да ја пратат вашата линија на очи, а ако се поретки можете да ги пополните со моливче и да го истакнете лакот.

Мејкап советите за визуелно поголеми очи подразбираат и сенка. Тие би требало да бидат со посветла нијанса, а изборот на боја зависи од бојата на вашите очи. На кафените очи им одговараат беж нијанси и бронзени, на зелените и сините очи – кафени нијанси и виолетова.

Би било добро да користите две нијанси на сенка, потемна и посветла. Додека темната оди преку цело око, посеветлата се задржува во наборите. Внимавајте на преминот за да не изгледа вештачко. Применете некои од советите и изгледајте совршено.

извор:savjetnica.com