Фудбалерот на Баерн Минхен, Ерик Чупо-Мотинг поради бизарен пропуст ќе ги пропушти првите мечеви на камерунската репрезентација, во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар следната година.

Фудбалската федерација на Камерун (ФФК) на погрешна адреса го испратила барањето до Баерн Минхен за отстапување на фудбалерот. Чупо-Мотинг јавно беше нападнат дека не ж одговорил позитвно на повикот од селекторот. Сепак, таткото на Ерик кој е и негов агент на официјална средба со медиумите ја разреши цела ситуација.

Од федерацијата ме контактираа и прашаа што се случува со Ерик. Веднаш го контактирав Баерн Минхен од каде ми рекоа дека нема никакво барање. Недоразбирањата се надминати, – изјави агентот на Чупо-Мотинг.

Репрезентацијата на Камерун на 26 март силите ќе ги одмери Зеленотарската Република, а на 30 март ќе се сретне со Руанда.

OhridNews