Поради сомневање дека по обилните врнежи од дожд и покачувањето на подземните води може да дојде до мешање на водата со фекалиите од септичките јами, екипа на Координативното тело за превенција од природни непогоди во Пештани превентивно изврши механичко чистење и дезинфекција на водата од водоводот.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, инспектори од Државниот комунален инспекторат  деновиве извршиле надзор во работата на локалната самоуправа во комуналната сфера во Пештани, при што било констатирано дека има пропусти во одржувањето на водоводната мрежа.

Ohridnews