Во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија-ЗЕМАК, од 7 до 9 октомври, во Охрид ќе се одржи Меѓународното советување „Енергетика 2010„.

ЗЕМАК на својот 16-ти по ред Меѓународен симпозиум има за цел да ги собере на едно место сите оние кои енергетиката ја сметаат за своја професија или за животна определба.

Целта е да се продолжи организирањето на редовни научни и Меѓународни советувања, на кои непосредно, во атмосфера на домашни и странски експерти од областа на енергетиката, ќе се иницираат и решаваат сите актуелни прашања околу состојбите во енергетиката во нашата држава.

На симпозиумот, ќе се анализираат модерните, светски трендови  во енергетиката и ќе се предлагаат решенија за нивна примена во развојот и унапредувањето на енергетиката во Република Македонија.

Ohridnews