страните учесници што ќе се одржи во Подгорица. Ова било договорено на презентацијата на проектот за управување со басенот на реката Црн Дрим, што деновиве се одржа во Женева. Проектот бред меѓународните донатори го образложи Дејан Пановски – македонски член на Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро.
Проектот ќе започне со фазата наречена “Дримски дијалог“ , која ќе трае 14 месеци а финансиски ќе биде поддржана од Шведската агенција за развој.
– Дримскиот дијалог треба да резултира со брза дијагностичка анализа на сливот и со евентуална меѓудржавна Декларација за заштита на басенот. Посебен дел во дијалогот заземаат мерките за заштита на трите езера кои се основата на сливот: Преспа ,Охрид и Скадар, истакна Пановски.
Во Женева беше јавно изразена благодарност на преставниците на институциите за тригодишниот напор околу обезбедување на услови за почеток на овој голем и исклучително значаен еколошки проект.