Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски на свеченост што се одржа во Конгресниот центар на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Охрид, со „Орден за заслуги за Македонија“  ги одликува  „Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура“   и шестмина членови на странски академии на науки и уметности.


Црвенковски врачува орден на ректорот Мартниски…

„Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, е исклучитено важна манифестрација за стручно научна афирмација на македонскиот јазик, култура и историја е една од нашите најважни врски со широката меѓународна јавност. По 40 години постоење оваа првично замислена иницијатива за поголемо вклучување на македонскиот јазик литература и култура во славистиката денес прерасна во врвен промотор на македонската самобитност во светот“ истакна на свеченоста претседателот Бранко Црвенковски.

Оваа пар-екселанс манифетсција како што ја оценува стручната јавност, третирајќи ги  националната историја, фолклорот, етнологијата, археолофијата, сликарството, музиката театарот, го афирмира на светско ниво севкупниот културен и духовен македонски идентитет, додаде Црвенковски.


… и на рускиот академик Рина Усикова

Претседателот Црвенковски со “Медал за заслуги за Македонија” одликува и шестмина членови на странски академии на науки и уметности. Со “Медал за заслуги за Македонија” за исклучителен придонес во афирмирањето и популаризацијата на современиот македонски јазик, литература и култура во нивните земји ги одликува академиците_ Рина Павловна Усикова од Руската Федерација, Влоѓимјеж Пјанка од Република Полска, Нуло Миниси од Република Италија, Иван Доровски од Република Чешка, Хораст Лант од Соединетите Американски Држави и посмртно Франтишек Вацлав Мареш од Република Чешка за афирмацијата на македонскиот јазик за време на неговиот долгогодишен престој и работа во Република Австрија. 

Заблагодарувајќи се во име на одликуваните, академик Рина Усикова рече дека тие се почестени од ваквото внимание,  што како што рече, ќе претатавува поттик тие да продолжат и натаму со научната дејност да ја афирмираат македонистиката насекаде во светот.

ohridnews