Меѓународни институции експертки и финансиски ќе ја поддржат  реализацијата на прекуграничен Проект за управување со басенот на реката Дрим. За ова ќе стане збор на консултативниот состанок што денеска  ќе се одржи во Тирана-Албанија.

Проектот е поддржан од македонското Министерството за животна средина и просторно планирање преку Билатералниот Комитет за заштита на охридското Езеро . Овој проект е  нужно продолжение на активностите и искуството од билатералниот прекуграничен проект за заштита на охридскиот слив, вели Дејан Пановски секретар на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, кој ќе ја претставува Македонија на состанокот во Тирана.

Интегрираното управување на ниво на речни басени е обврска од Европската директива за води која е вградена во новиот Закон за води на РМ. Управувањето со сливот на реката Дрим  каде еколошките предизвици се испреплетени со хидролошките и енергетските потреби  е критично прашање и бара широк регионален консензус, изјави за Ohridnews, Пановски.

– Во име на Билатералниот секретаријат пред состанокот, се изјаснивме дека главните активности треба да се сконцентрираат на спојување на управувачки пакет за целиот слив заедно со езерата Преспа ,Охрид и Скадар,  изготвување на брза дијагностичка анализа на сливот, формирање на мултилатерална Комисија за сливот на Дрим и подготвување на серија на инвестиции во сливот. Согласно пак Законот за води ние на национално ниво ќе превземеме активности за воспоставување на Совет на речниот басен како и изготвување на План за негово управување, рече Пановски.

Ohridnews