Со поддршка на Меѓународната федерација на Црвениот крст, во организација на Црвениот крст Охрид на планината Галичица (место „Липова ливада“ и „Караула“), воен камп „Св.Наум“, на 8 октомври ќе се одржи голема вежба за спасување.
Покрај 40 членови на Регионалниот тим за дејствување во катастрофи (РДРТ) за земјите од Југоисточна Европа и Централна Азија, на вежбата ќе учествуваат и Граничната полиција, АРМ, претставници на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Локалната самоуправа од Охрид, како и Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид.
Вежбата ќе се реализира во рамките на семинарот кој под покровителство на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, го организира Црвениот крст на Македонија.
На семинарот кој ќе се оддржи од 04 до 10 Октомври 2007 година во Центарот за едукација на кадри на Црвен крст во Струга, најавено е учество на преставници од: Албанија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Азербеџан, Ерменија, Казакстан, Израел, Молдавија, Австрија, Швајцарија, Унгарија, Киргистан, Туркменистан и др.
ohridnews