Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“, на 26 и 27 ноември во Охрид ќе се одржи Меѓународна средба на писатели за деца и млади.
                       
Идејата на Средбата која е поддржана од Министерството за култура, е да се направат согледувања за положбата на книгата за деца и млади во земјите од кои доаѓаат писателите,  подигнување на нејзиниот статус во општеството и анимација на најмладите читатели.На Средбата учество ќе земат пистаели од од Македонија, Бугарија, Албанија и од Украина.

Во рамки на Средбата ќе се одржи читање на творби за деца и разговор на тема: „Сегашноста и иднината на литературата за деца и млади“. Од Средбата ќе биде публикувана книга со одбрани творби и искажувања на учесниците, како траен белег на овој  редок, но значаен културен настан.

Ohridnews