Меѓународната обука за инвенторизација на залихи на застарени пестициди започна .денеска во Охрид. Обуката, која ќе трае од 27-ми мај до 4-ти јуни,  е дел од меѓународниот проект: “Градење на капацитети за застарени залихи на ПОПс и други пестициди во Источна Европа, Кавказ и Централна Азија (ЕЕЦЦА)”. Земји кои учествуваат во проектот се: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Македонија, Молдавија, Монголија, Црна Гора и Романија.

Преку оваа обука, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со современиот пристап во инвенторизацијата и управувањето со залихите на пестициди, со посебен акцент на утврдување на локациите каде се складирани залихите, нивна правилна идентификација и обележување.

OhridNews