„Безбедноста како предмет на истражување-пристап, концепти и политики“ ќе биде насловена Меѓународната научна конференција која ќе се одржува во Охрид на 2-ри и 3-ти јуни 2015 година.
Овој научен собир кој го организира Факултетот за безбедност од Скопје преку научните прилози и низ дебата се очекува да одговори на прашањата од областа на безбедноста кои предизвикуваат интерес во научната и општествената јавност.
-Едно од тие прашања е дефинирањето на поимот безбедносна наука. За овој поим во различните јазични системи се употребуваат различни термини. Taa се занимава со барањето на одговор за природата на деструкциите, за ризиците и условите за создавање услови и амбиент во кои ќе се создава и унапредува човековиот живот, но и со вредностите: дали, колку, од што и зошто се загрозени; како да се подобри, унапреди или да се елиминира нивната загрозеност и тоа од кого, со какви мерки и спрема кого тие да се преземаат?, пишува во најавата за конференцијата.
Во неа се потенцира дека учесниците на конференцијата низ отворена и аргументирана дебата треба да ја актуелизираат расправата за разликата помеѓу дејноста безбедност и науката која се занимава со неа, односно, научното промислување и откривање на научните закони и законитости во општествената област безбедност.
OhridNews