„Унапредување на квалитетот на живот на децата и младите“ ќе биде насловена Меѓународната научно-стручна конференција која ќе се одржи во Охрид, од 19-ти до 21-ви јуни 2015 година. Организатори на Конференцијата се Сојузот на дефектолози на Република Македонија во соработка со Здружението за поддршка и креативен развој на деца и млади и Едукациско-рехабилитациски факултет при Универзитетот во Тузла, Босна и Херцеговина.

-Очекуваме свој допринос во работата на конференцијата да дадат стручни лица од сите профили кој работат со деца и млади и на тој начин ќе се обезбеди богата тематска содржина на конференцијата, велат организаторите.

Според најавите, теми на конференцијата ќе бидат: Унапредување на квалитетот на живот на децата од предучилишна и училишна возраст; Унапредување на квалитетот на живот на младите и Унапредување на квалитетот на живот на децата и младите со попреченост.

OhridNews