Во рамките на Деновите на приватното обезбедување под мотото ” Заедно сме едно”, утре и задутре во хотелот “Гранит ” во Охрид ќе се одржи Меѓународна конференција на која ќе се расправа за хармонизацијата на нашето законодавство во доменот на обезбедувањето лица и имот со европската легислатива.
Организатор е Комората на Република Македонија за обезбедување која е формирана во 2000 година со цел да ја унапреди стручноста и професионалноста на лицата ангажирани во обезбедување.
Согласно Законот за обезбедување, во Македонија активно работаат 53 агенции за обезбедување.