Во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Македонија вчера во Охрид започна Втората меѓународна конференција „Квалитет и компетентност 2015“.
Овој дводневен настан дава можност за заеднички средби во насока на остварување на интензивна комуникација со лабораториите и инспекциските тела и запознавање со актуелните искуства и новите технологии.
-Ме радува фактот што во Република Македонија се одржува една ваква меѓународна конференција чии цели се, преку презентирање на сопствените практики и размена на искуства меѓу лабораториите, инспекциските тела и институциите за квалитет од регионот и пошироко да се овозможи континуиран развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и лабораториските кадри, рече заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски на отварањето на конференцијата.
Исто така, во рамките на настанот, Институтот за акредитација го организира и одржувањето на редовната Регионална средба на телата за акредитација. Средбата се организира врз основа на Договорите за билатерална соработка на националните тела за акредитација од регионот.
OhridNews