Во рамките на конференција, покрај претставници на МВР ќе учествуваат и експерти од повеќе западноевропски полиции, од американската ДЕА, претставници од земји во регионот, како и експерти од интернационални организациии како СЕКИ Центарот, Интерпол и други.
Учесниците ќе разгледуваат повеќе теми од посочената област почнувајќи од граничните контроли, реализацијата на националните стратешки програми, засилувањето на разузнавањето во поглед на трговијата со дрога, зголемување на потенцијалите и капацитетите на законските инстанци, технички и тактички можности, подобрување на меѓународната соработка, развој на превентивните мерки за намалување на употребата на опојните дроги и слично.