Седмата  меѓународна кајакарска регата во кајак и кану на мирни води во машка и женска кокуренција која ја организираше кајак кану клубот Стрмец од Охрид ја посветија на Македонската музичка легенда Тоше Проески.


На регатата учествуваа :кајакарскиот клуб Бидим 77 од Видим Р.Бугарија,  веслачко кајакарски клуб Зренекс од Зрењанин Р.Србија  кајак кану клубот Глобочица од Струга и домаќинот Стрмец од Охрид.


Поради лошите временски услови местото на одржување на регатата беше сменето и наместо кај пристаниште таа се одржа во каналот Студенчишта кај Биљанини извори. Над 60 кајакари ја разубавија глетката во каналот Студенчишта и добија заслужени аплаузи од спортските риболовци кои им го остапија каналот за непречено одвивање на регатата.


Кајакарите регатата ја посветија на Тоше Проески


Р.Д./Г.М.