Во 130 светски градови илјадници луѓе го прославиле меѓународниот ден на борба со перници. На борбата со перници во саботата учествувале повеќе илјади лица кои на централните плоштади во Лондон, Сао Паоло, Цирих и други градови се појавиле опремени со пердувестите оружја.


Творци за идејата на меѓународниот ден на борби со перници се Кевин Бракен и Лори Куфнер, студенти на универзитетот во Торонто, во склоп на уметничкото друштво „Newmindspace“. Глобалната борба со перници започнала да се одржува во 2008 година.